Изгоре стан во новите социјални згради во Велес, нема повредени

Од:

Ноќеска околу 1 часот по полноќ избувна пожар во стан во приземјето во новите социјални станови на улица „Благој Ѓорев“ бр 219 во населбата Тунел во Велес.

Пожарот го предизвикала сопственичката на станот Лидија Пановска, која наместо дрва во печката за греење ставала стари алишта и пластични шишиња.

Љупчо Лепидовски, командир на Против пожарната екипа од Велес густиот чад ги зафатил и останатите станови и ходникот на зградата поради што станарите два часа биле надвор од зградата.

Со интервенција на екипата на ППЕ – Велес било спречено пожарот да се прошири на останатите станови во зградата. Пожарот во станот бил изгаснат во 3 часот по полноќ. Причинета е само материјална штета во станот и ходникот на зградата. Повредени нема

Би можело да ве интересира

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија