Изгоре куќа во Скопје

Од:

Вчера околу 15.30 часотт во ЕИК-Скопје се јавил вработен во Бригадата за противопжарна заштита и пријавил дека во Скопје на ул.„Марко Крале“ од непознати причини настанал пожар во куќата сопственост на Ѓ.К.(63), при што истата е целосно изгорена. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од страна на противпожарната единица Скопје.

Синоќа нешто по полноќ во ЕИК-Скопје е пријавено дека на 12.02.2017 година околу 22.20 часот на ул. „Лука Геров“ во стан сопственост на Т.О. (62), а издаден под кирија на Б.К. (44), избувнал пожар. Во моментот на избувнување на пожарот во станот немало никој. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат околу 23.20 часот. На местото на настанот биле излезени и три возила од Итна медицинска помош кои укажувале помош на станарите кои се жалеле дека вдишиле поголемо количество на чад. Од пожарот бил повреден пожарникарот З.П. (35) кој паднал од скала додека интервенирал. Истиот со тешки телесни повреди бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“. Увид ќе се врши во текот на денот, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски