Изгоре куќа во Куманово, почина сопственикот

Од:

Шеесет и деветгодишен кумановец починал откако им подлегнал на повредите здобиени по вчерашниот пожар во неговата куќа, соопштија денеска од кумановската полиција. Вчера во 16:55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М. (69) од Куманово.

– Со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал. Со повреди се здобиле и неговите синови М.М.(33) и Р.М.(44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош, информираше полицијата, која уште врши увид.

Пожарот го изгасила кумановската противпожарна единица. Регионалниот центар за управување со кризи информира дека на пожарот интервенирале четворица пожарникари со противпожарно возило од 16:50 до 18:45 часот.

РЦУК Куманово пренесува информација од Станицата за итна медицинска помош Куманово кои, исто така, интервенирале на пожарот во кој едно лице со тешки телесни повреди по укажаната помош во Куманово е пренесено за Скопје, другото е задржано на хирургија во кумановската болница.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа