Изгоре автомобил во Тетово

Од:

Автомобил „Форд фиеста“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на М.С.(31) од тетовското село Орашје вчера од засега неутврдени причини се запалил и изгорел, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Инцидентот се случил вчера околу 15 часот на улицата „Кумановска“ број 15 во Тетово, откако сопственикот го паркирал автомобилот.

– Најпрво се појавил чад и пламен во предниот дел, кој за кусо време се проширил во задниот дел на возилото каде се наоѓал и вградениот плински уред. Со интервенција на тетовските пожарникари огнот е локализиран. Извршен е увид и се работи на утврдување на причината за пожарот,  а вкупната штета се проценува на 30 илјади денари, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче