Изгоре автобус на патот Охрид-Кичево, нема повредени

Од:

Автобус на охридски Галеб изгоре кај Пресека. Од засега непознати причини, автобусот во кој немало патници, а одел на сервисирање за запалил.

Возачот забележал дека автобусот гори и успеал да се спаси. На местото на инцидентот има две противпожарни екипи.

АМСМ информираше дека патниот правец Охрид-Кичево е затворен во двата правци.

– Од АМСМ известуваат дека од 21:00 часот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, сообраќајот е во прекин во двата правци. Од ТППЕ Кичево интервенираат со 2 екипи при гасење на опожарен автобус. Од РЦУК – Охрид известуваат дека нема повредени лица односно автобусот бил без патници соопштија од Центарот за управување со кризи.

Според последните информации патот е отворен за сообраќај.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва