(ВИДЕО) Изгласана техничката Влада

Од:

Пратениците во Собранието со 95 гласа за и два против експресно ја изгласаа техничката Влада согласно Пржинскиот договор. За министер за внатрешни работи е изгласан Оливер Спасовски, а за министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски.

Дополнителни заменици министри за внатрешни работи и труд и социјална политика ќе бидат Оливер Андоновски и Диме Спасов на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а на предлог на СДСМ, дополнителни заменици министри за финансии, информатичко општество и земјоделство ќе бидат Кире Наумов, Александар Кирацовски и Љупчо Николовски.

Според пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески, министрите и дополнителните заменици министри на предлог на опозицијата се влог во обезбедување на фер и демократски избори.

– Далеку од умот е некој да мисли дека влегувањето на министрите и дополнителните заменици министри е делење на власт со ВМРО-ДПМНЕ. Владеење во Република Македонија во изминатиот период немаше имаше чиста диктатура. Овие промени се нужни бидејќи на 11. декември граѓаните на Република Македонија треба да гласаат за својата иднина без да им се заканува некој, без да бидат под притисок или уценувани од некој. На тој начин, после 11. декември во Македонија ќе биде избрана вистински демократска и легитимна власт, рече Сугарески.

Реплицираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев кој кажа дека две години се борат со цел да нема избори.

– Ако вас ве прави среќен дека некој му забранил на Македонецот да гласа, тогаш ние не сме среќни за тоа. Ние не се чувствуваме убаво кога овој законодавен дом ќе се распушти, па потоа треба да се собере. Ако тоа вас ве радува, граѓаните на Македонија не ги радува кога со месеци, со години им се забранува да управуваат со својата држава, рече Ѓорчев.

Според пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески, ВМРО-ДПМНЕ 10 години го краде гласот на сопствениот народ.

– Вие договаравте избори, во наредниот ден се правевте. Срам голем за вас, биравте за 15 часа министер тука. Носите циркузант во ова Собрание за вечерта да потпише решение за Чавков. Тој уште кучињата и мачињата ги нема удомено во МВР, се друго е удомено од партијата, рече Сугарески.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад