Изгасната е цистерната, отворен е патот Струмица-Радовиш

Од:

Сообраќајот на регионалниот пат Струмица –Радовиш од 10:37 часот е нормализиран, информира АМСМ.

Патот беше затворен за сообраќај во 09:45 часот поради опожарна цистерна која превезувала 20 тони нафта.

Во пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата информираат од Центарот за управување со кризи.

Возилото се запалило на еден километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица-Радовиш,а на терен излегле шест пожарникари и две противпожарни возила , додека четворица полицајци вршеле контрола на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река во близина на Хераклеја

Паднати бандери и дрвја, оштетени автомобили – проблеми во Скопје поради ветерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци