Изгаснат пожарот во градската депонија во Велес

Од:

Градската депонија за смет во Велес лоцирана над градот кај Штипско џаде, која се запали вчера попладне, е изгасната ноќеска со големо залагање на вработените од ЈКП„Дервен“ и екипа на Противпожарната единица од Велес.

Екипите на Пожарната таму беа од 17,30 до 23 часот кога пожарот беше изгаснат. Сепак, екипи на ЈКП„Дервен“ и денеска го контролираат теренот внатре во кругот на заградената депонијата, која и денеска се уште чади.

Од ЈКП„Дервен“ за МИА информираат дека депонијата е под контрола од нивни екипи и постојано се фрла песок со тешка механизација .

Целта е да се спречи повторно разгорување на пожарот, кој како и во изминатите лета најчесто го предизвикуваат високите температури и стакло, пластични шишиња и друг запалив отпад фрлен на депонијата, а кој лесно се пали на топлото време.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати