Изгаснат пожарот во Галичник

Од:

Изгаснати се сите жаришта на пожарот кој вчера го зафати Галичник информираат од Месната заедница. Синоќа пожарот беше ставен под контрола, а во текот на ноќта биле изгаснати и последните остатоци.

„Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги згаснаа и последните остатоци од пожарот. Војниците овде ја поминаа ноќта, а дополнително во текот на целата ноќ во состојба на готовност беа единици координирани од ЦУК. Утрово извид на лице место направи пешадиска единица од земја и воздухопловен Винг – воздухопловната единица на АРМ со два хеликоптери од воздух. Сите жаришта се згаснати“ – се вели во информацијата од Месната заедница Галичник.

Добро утро Галичани, утрово во Галичник е мирно.
Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба…

Posted by МЗ Галичник / MZ Galichnik on Monday, 3 May 2021

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје