Изгаснат големиот шумски пожар во близина на Велес

Од:

Вечерва во 17:00 часот целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој трет ден беснееше над железничката станица „Рајко Жинзифов“ на теренот во правец на селата Белештевица и С`лп.Во пожарот изгореа над 200 хектари ниско стеблеста дабова шума.

Во гаснењето на пожарот денеска 11 часа од утрово од 6:00 до вечерва до 17:00 часот беа вклучени девет пожарника од ТППЕ Велес, 10 вработени од Дирекцијата за заштита и спасување и пет вработени во Шумското стопанство „Бабуна“.

Пожарот беше пријавен во ТПП Велес во петокот во 13:10 часот, а изгаснат е вечерва по 52 часа .

За сега не се откриваат детали околу причините на пожарот, но надлежните институции се сомневаат дека причинител е човечки фактор како и кај останатите пожари.

Би можело да ве интересира

До утринава вкупно 31 пожар на отворено во Македонија

А1он

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати