Издадено CD од минатогодишниот велигденски концерт

Од:

Издадено е ново CD со духовна музика „Страдањата Господови“, од концертот кој се оддржа на 25 април 2013 лето Господово во Универзалната сала во Скопје.

Вљубениците во источно-православната музика ќе можат да го најдат споменатото музичко CD во манастирските продавници или да го порачаат на телефон 070 342 970.

– Оваа прекрасна, духовна, музичка манифестација со избрани стихири од Страсната седмица, беше спонзорирана од Министерството за култура и реализирана во соработка со Македонската Филхармонија, а во изведба на познатиот поп пејач Димитар Андоновски, нашата драга гостинка од Грција, реномиран изведувач на византиски песни, Нектарија Каранѕи, монахиња Касијана и хорот на Бигорскиот манастир,  велат во Бигорскиот манастир.

Со неа Бигорската обител и неговите соработници одбележаа два значајни јубилеа – 1700 лета од објавувањето на Миланскиот едикт на светиот и благоверен цар Константин Велики, со кој најпосле престана гонењето на светата Христова Црква и 1150 лета од славната богоблагословена Моравска мисија на нашите родоначалници и најсвети татковци, светите рамноапостолни и сесловенски учители и просветители, Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите