Издадените дозволи за движење продолжуваат да важат, процедурата за нови останува иста

Од:

Веќе издадените „трајни“ дозволи за движење на одредени категории граѓани продолжуваат да важат и за време на овој карантински викенд, од 5-ти до 7 јуни. Исти остануваат и процедурите за добивање дозвола, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Со дозволите што ги издава Министерството се опфатени претставници на институции со одлука на владиниот Кризен штаб, дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен, вработени во мали пекари/бурекџилници (најмногу до 5 вработени со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие), дежурни вработени во погребални претпријатија, одредени категории земјоделци, регистрирани одгледувачи на животни во Кинолошки сојуз, како и ловочувари во регистрирани здруженија, јавни претпријатија и национални паркови.

Сите дозволи што ги обезбедува МИОА се достапни преку порталот „uslugi.gov.mk“.

-Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурегџилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени. Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице, го поднесува лицето кое ја врши негата, наведува Министерството.

МИОА, како што посочува, не дава дозволи за движење на приватни фирми.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час