Издадени нови 1.031 потврда за барање азил

Од:

Изминатите 24 часа на вкупно 1.031 странски државјани им се издадени потврди за поднесување барање за признавање право на азил. Од нив, 489 се машки, 198 женски  и  344 деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Како што соопшти МВР, според државјанството, најбројни се лицата од Авганистан, 441, Сирија, 436  и Ирак, 154.  

Од почетокот на оваа година до вчера, издадени  се потврди на вкупно 37.835 странски државјани, од кои 15.979 се од машки пол, 8.115 се од женски и 13.640 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-18.716, Авганистан-12.286 и Ирак-6.830. 

– Во периодот од 1 јануари 2016 година до вчера, до Секторот  за азил поднесени се пет барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија, се наведува во соопштението на МВР.

Во периодот од 00:00 до 24:00 часот на 21 јануари 2016 година, до Секторот за азил не се поднесени  барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас