Издадени 3.275 потврди за право на азил

Од:

Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.275 странски државјани.

Од нив 1.312 се од машки пол, 687 се од женски, 1.268 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.305, Ирак-1.048 и Авганистан–922.

Од 19 јуни годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 369.277 странски државјани, од кои, 201.176 се од машки пол, 61.869 се од женски, 88.178 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.061 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-207.296 потоа Авганистан-91.096, Ирак-49.444, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во изминатите 24 часа до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот

(ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Предраг Петровиќ