Издадени 26 сообраќајна поуки на подрачјето на СВР Скопје

Од:

Одделението за превенција при СВР – Скопје овој месец издало 26 покани на велосипедисти и мотоциклисти за сообраќајна поука на граѓани.

Како што информира, сообраќајните поуки се издадени на граѓани кои сториле сообраќајни прекршоци по разни основи како возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди и мотоцикли.

На поканата за сообраќајна поука, според СВР Скопје, се одзвале 21 лице за кое натамошната постапка треба да биде запрена, а за останатите пет кои не присуствувале на презентацијата или нема да ја платат глобата во предвидениот рок, прекршочната постапка треба да продолжи согласно прописите.

Поуката, појаснуваат надлежните во СВР Скопје, се состоела од презентирање на правилата и прописите од „Законот за безбедност во патниот сообраќај“ кои ја регулираат оваа материја, најчестите причини за случување сообраќајни незгоди со потешки последици, опасностите од непочитување на правилата и статистиката за случени сообраќајни незгоди на подрачјето на град Скопје. Во текот на поуката биле прикажани повеќе сообраќајни филмови со препораки за зголемување на безбедноста во патниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски