Избрано ново партиско раководство во ЛДП – Битола

Од:

„На 30.09.2015 година, Општинската организација на ЛДП – Битола го одржа своето 6-то редовно собрание. На истото беше избрано новото партиско локално раководство.

Советникот и досегашен потпретседател во Битолскиот Совет, Александар Касапов е избран за нов претседател на Општинската организација, а Томе Цветковски и Сузана Вељановска за потпретседатели. Нов секретар на ЛДП-Битола ќе биде Димитар Кузмановски.

На собранието беа усвоени насоките за натамошно делување на општинската организација на ЛДП – Битола. Храброста, острината во настапите и бескомпромисната борба против власта на ВМРО – ДПМНЕ ќе бидат и понатаму карактеристики на партиското дејствување.

ЛДП – Битола и понатаму продолжува да се бори против штетните политики во градот и смета дека Битола никогаш толку не заостанувала во својот развој.

Членовите на ЛДП – Битола се цврсто уверени дека на 24-ти април опозицијата ќе извојува победа, а потоа очекуваат дека ќе следи процес на нормализација на демократските односи и процеси во државата.

На самиот крај, собранието му искажа благодарност на досегашниот претседател, Валентин Груевски, кој оди на повисока партиска функција, за осумгодишното водење на партијата во време на “најцрниот“ демократски период на плуралистичка Македонија“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он