Избрани новите претседатели на комисиите на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница донесе одлука за избор на претседатели на комисиите на Партијата.

За претседател на Комисијата за политички систем на ВМРО-ДПМНЕ е избрана Гордана Јанкулоска, Зоран Ставревски е претседател на Комисијата за финансиски и монетарни прашања, Никола Попоски на Комисијата за надворешни работи, Мартин Протуѓер на Комисијата за стратешки прашања, Владимир Пешевски на Комисијата за енергетика, Билјана Бришковска Бошковска е претседател на Комисијата за правни работи, Јован Андоновски на Комисијата за европски интеграции, Никола Тодоров на Комисијата за здравство, Спиро Ристовски на партиската Комисија за труд и социјална политика, Панче Кралев на Комисијата за образование. Ванчо Каргов е главен на Комисијата за антикорупција, Миле Јанакиески на Комисијата за градежништво, урбанизам и транспорт, Иво Ивановски на Комисијата за телекомуникации, Елизабета Канческа Милевска на Комисијата за култура, Зоран Коњановски на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Христијан Делев на Комисијата за економија, индустија и рударство. Одговрна за партиската Комисија за информатика е Марта Арсовска Томовска, за Комисијата за локална самоуправа Сашо Лазаровски, за Комисијата за животна средина Соња Лепиткова и за Комисијата за односи со невладини организации Диме Спасов.

– Во составот на комисиите на ВМРО-ДПМНЕ ќе членуваат истакнати професионалци, експерти, професори, припадници на академската средина и јавни личности, кои професионално имаат капацитет да прдоинесат во континуирано унапредување на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, во секоја од овие области, велат од Партијата.

Улогата на комисиите на ВМРО-ДПМНЕ, додаваат, е во насока на размена на идеи, следење на светските трендови, примена на позитивни и ефективни политики, континуирано усогласување со политиките и регулативите на Европската унија, одржување на професионални контакти со специфичните организации и здруженија во секоја од областите поодделно и воспоставување директен контакт со граѓаните.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ