Сузана Тунева Пауновска и доц.д-р Буниамин Мемеди се годинашните добитници на наградата „Мајка Тереза“ за остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност, како и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Оваа одлука ја донел Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ во 2015 година.
Наградата, како што соопшти денеска Министерството за култура, ќе се додели на 26 август годинава во Собранието на Република Македонија.