Избрани членовите на Советот на млади на Општина Крива Паланка

Од:

Вра основа на Јавниот повик за предлагање на кандидати за членови за Советот на млади на Општина Крива Паланка, Советот на Општина Крива Паланка на 8-та седница одржана на 19.02.2018 година, донесе Решение за избор на на членови на Совет на млади на Општина Крива Паланка.

Советот на млади на Општина Крива Паланка е советодавно тело на Советот на Општина Крива Паланка, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во Општина Крива Паланка.

Во Советот на млади, според критериумите на јавниот повик, избирани се млади со постојано место на живеење во Општина Крива Паланка-жители на Општина Крива Паланка, со старосна граница од 15 до 30 години, а право на предлагање на кандидати имаа невладини организации, здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и други регистрирани облици на организирање на млади.

За членови на Совет на млади на Општина Крива Паланка се избрани: Влалтко Младеновски, Коста Спасовски, Менде Ристовски, Ана Петковска, Елеонора Маџовска, Викторија Стаменковска, Стефан Вучевски.

Мандатот на членовите на Совет на млади на Општина Крива Паланка трае 4 години.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски