А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Избрани членови на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците

by А1он14/07/2017 - 16:21131
Share0

Собранието на Република Македонија на попладневното продолжение на осмата седница усвои одлука за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Добивај вести на вибер

За членови на Комитетот од редот на пратениците Македонци се избрани Жаклина Лазаревска, Никица Корубин, Коста Јаневски, Славица Шуманска Митева, Антонијо Милошоски, Горан Манојлоски, Дафина Јовановска Стојаноска. Членови од редот на пратениците Албанци се Реџаил Исмаили, Џевет Адеми, Артан Груби, Шпреса Хадри, Зиадин Села, Фадил Зендели и Зеќирија Ибрахими. Пратениците Турци ќе ги застапува Јусуф Хасани, Власите Сашко Костов, Ромите Курто Дудуш, Србите Иван Стоиљковиќ, а Бошњаците Зеќир Рамчиловиќ.

Собранието усвои и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, како и одлуки за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), на делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ). Со одлука на Собранието е утврден и составот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), како и составот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ). Избрани се и шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС Медитеранот), составот на Делегацијата во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ)….

Избран е и составот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, а именувани се и претседател, потпретседател, членови и заменици – членови на Националниот совет за евроинтеграции.

Во тек е расправа за Предлог завршаната сметка на Буџетот за 2016 година.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен