Избран новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, нов генерален секретар е Емил Димитриев

Од:

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната редовна седница го избра новиот состав на Извршниот комитет на партијата поради истекот  на двегодишниот  мандат на актуелните членови на ова партиско тело.

Исто така беше констатиран и истекот на мандатот на актуелниот генерален секретар Кирил Божиновски кој по негово лично барање ја ослободи оваа партиска функција  останувајќи и понатаму на позицијата генерален секретар на Владата на РМ и член на новиот состав на Извршниот комитет на партијата, соопшти прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ освен дел од личностите од претходниот состав ќе членуваат и личности кои досега не биле дел од ова партиско тело. Целта на оваа одлука на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а донесена по предлог на претседателот на партијата Никола Груевски, е континуирано освежување и носење на нов кадровски потенцијал кој ќе овозможи додатна енергија за работа и напредок, се вели во соопштението од партијата.

Членови на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се: Љупчо Трпевски, Благоја Деспотовски Ташко, Никола Бакрачевски, Зоран Илиовски, Никола Поповски, Кирил Божиновски, Мартин Протоѓер, Зоран Ставревски, Гордана Јанкуловска, Владимир Пешевски, Силвана Бонева, Илија Димовски, Антонио Милошовски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков, Владимир Ѓорчев, Коце Трајановски, Зоран Горгиевски, Ашим Зекировски и Момчило Аврамовски.

За нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој по функција е член и на Извршниот комитет е избран Емил Димитриев.

Во составот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ членуваат по функција и претседателот на Унијата на млади сили и претседателката на  Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми