Изборниот законик прво ќе се „пегла“,па ќе се гласа

Од:

Партиите се во обид на усогласување на текстот на измените на Изборниот законик. Треба да „испеглаат“,што е она што ВМРО-ДПМНЕ ноќеска како драфт-верзија го испратило до СДСМ, а според опозициската партија не е доволно прецизно.

Координацијата кај спикерот Трајко Вељаноски започна во 10 часот, но потоа беше одложена со цел да се постигне договор за драфт верзија.
По завршувањето на координацијата ќе се знае кога ќе се влезе во собраниската сала за дебата и гласање за измените во Изборниот законик.
Денеска истекува рокот во кој треба да се донесат овие измени.
СДСМ треба повторно да се вклучи во работата на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска