Изборниот законик и пописот „на маса“ пред Заев и Мицкоски

Од:

Премиерот Зоран Заев во четвртокот вечерта соопшти дека ја прифатил понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за нивна тет-а-тет средба, која како што најави ќе се одржи денеска во 13 часот во Клубот на пратеници.

– Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред, напиша Заев на својот фејсбук-профил во четвртокот вечерта.

Објавата на Заев уследи откако Мицкоски претходно го повика на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на Парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите…

Заев во петокот изјави дека верува оти по средбата со Мицкоски ќе соопштат дека е најдено решение помеѓу големите политички субјекти за Изборниот законик и воведувањето на отисок на прстот или фингерпринтот на следните избори, а најави и можен договор за вакцинирање на попишувачите.

– Верувам дека Собранието многу брзо ќе го стави на дневен ред за да го решиме тоа прашање затоа што имаме уште за работа во Изборниот законик, а тоа е да ги вградиме препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а и да ги определиме изборните модели, рече Заев.

Премиерот најави дека со Мицкоски ќе разговара и за повиците за бојкотирање на пописот и неотворање врата на попишувачите, иако, како што рече, тоа се само поединци.

– Ќе ја искористам приликата да зборувам со г. Мицкоски за ваквите изјави. Не е суштината на казната од 200 или 300 евра, таа е голема, не е мала, но се надевам дека нема да ја има заради тоа што секој од нас граѓаните може да оддели не повеќе од 10 минути и конечно по 20 години да имаме попис во нашата земја, рече Заев.

Во својата изјава дадена на настан во Делчево, премиерот рече и дека без разлика на која функција и да биде, тој би сакал опозицијата и владејачките партии да соработуваат и оти верува дека така преку заедништвото двојно или тројно ќе се зголеми успехот на државата. Од тој аспект ја прифатил и поканата на Мицкоски за средба.

– Имаме многу што да разговараме, но секако најважно е да седнеме низ дијалог да изнаоѓаме решенија затоа што постоиме да им служиме на граѓаните, порача Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Горан Наумовски