Изборите пред одложување, само ВМРО-ДПМНЕ поднесе листа за избирачките одбори

Од:

Рокот истече на полноќ, а само ВМРО ДПНЕ поднесе листа за членови на избирачки одбори до Државната изборна комисија, информираат од ДИК за А1он.

СДСМ, ДУИ и ДПА не доставиле предлози. Ова е прв пат, само една партија да достави списоци, а другите да бојкотираат. Според најавите, ова е показател дека и ДУИ и ДПА го најавуваат своето неучество на избори на 5-ти јуни.

СДСМ, веќе најави дека нема учествува на избори за кои не се обезбедени услови за фер и демократска изборна трка. ДУИ заедно со ВМРО-ДПМНЕ веќе делегираше членови за Избирачките одбори во дипломатско – конзуларните претставништва, за што крајниот рок беше 27-ми април.

Законски, велат од ДИК, доколку некои партии не достават листи за Избирачки одбори, тогаш членовите се пополнуваат од редовите на администрацијата.

Според Изборниот законик двајца од вкупно пет членови се бираат од редовите на најголемите политички партии на власт и опозиција а во зависност од етничкиот состав на избирачкото место. 11-ти мај на полноќ е последниот рок за доставување на кандидатски листи за пратеници.

 

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226