Изборите на 5 јуни?

Од:

А1он од преговарачките тимови дознава дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5 јуни.

Со тоа ќе биде даден дополнителен термин за проверка и чистење на избирачкиот список, консолидирање на Агенцијата за аудио-визуелни услуги и МТВ, како и извршување на последната задача од Пржинскиот договор-одделување на државата од партиите.

Оценката од САД и ЕУ, според информации на А1он, ќе биде дека не се исполнети сите критериуми и дека е неопходен дополнителен период.

Неизвесно е како ВМРО-ДПМНЕ ќе се однесува, со оглед на тврдиот став досега дека изборите мора да се одржат, според договореното, на 24.април. Одлуката за распуштање на Парламентот на 24 февруари, која, во случај на поместување на терминот, мора да се измени, ќе зависи од ДУИ и ДПА.

Сепак и датумот 5 јуни може да биде условен-доколку не се исполнат повторно условите нема да може повторно да се одржат избори чии резултати би биле прифатени од сите партии.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември