Избори на 5. јуни?

Од:

Предвремените парламентарни избори да се одржат на 5 јуни, вака, дознава а1он, е договорено по целодневните обиди да се надмине политичката криза.

Услов за СДСМ е ВМРО-ДПМНЕ да прифати регулација на медиумската сфера според предлогот на белгискиот експерт Питер Ванхауте и прочистување на избирачкиот список. Од ВМРО-ДПМНЕ цел ден молк, иако интензивно се разговара во партиското седиште. Освен претставниците на меѓународниот фактор за кои не се знае дали разговарале со Груевски или со партиски претставници, во партиското седиште е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Според непотврдени информации заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Во меѓувреме повлечени се оставките на минситрите на СДСМ во Владата.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме