Избори на 11. декември? На потег е лидерската четворка

Од:

Денеска е ден „Д“, кога се носи одлука дали ќе има и кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори. Лидерската четворка, денеска на лидерска средба треба да потврди дали се исполнети условите, и дали датумот за избори ќе е 11. декември.

Судејќи според изјавите на лидерите, желба и намера, барем формална, има. Но. кога станува збор за политиката на македонски начин, можни се изненадувања и скриени адути до последен момент.

Од поставените услови, според изјавата на ДИК, Избирачкиот список е прочистен. Околу 9.000 граѓани се пријавија дека се проблематични. Останатите околу 26.000 ќе имаат уште една можност додека трае јавниот увид, а доколку тоа не го сторат ќе бидат избришани од списокот.

СДСМ ќе соопшти кој ќе биде новиот уредник на Информативната програма во 100-те дена пред избори, и кој ќе работи на непристрасност и професионалност во Јавниот сервис. По откажувањето на Даут Даути, има оптимизам, четворицата членови на ад-хок телото за следење на медиумите да најдат заеднички јазик за петтиот член, иако и некомплетирањето на ова тело не е пречка, барем според партиите. за закажување на изборите.

До колку се донесе одлука за избори, тогаш од септември ќе стартува и привремената влада.Она на што предупредуваат експертите, е стравот, дека откако ќе се договори датумот, Уставниот суд да донесе одлука за неуставност на постоењето на Специјалното јавно обвинителство, што дополнително ќе ја искомпикува целата ситуација.

Лидерската е закажана за во 13 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија