Избори: Медиумите во замена за пари, место дебата нудат монолог

Од:

Учеството на државата односно учеството на владеачката партија во рекламирањето во медиумите во Македонија е огромно, контролните механизми се се’ помали, а професионалниот интегритет е во опаѓање, објасни за А1он Сашо Орадновски, на денешната дебата за потребите од измени во медиумското и изборното законодавство. Значителното влошување на состојбите во рекламирањето за време на избори, не транспарентноста на трошењето на парите како и нивното потекло беа само едни од набројаните причини кои влијаат на моменталната состојба на медимите.

Центарот за развој на медиуми, организатор на дебатата насловена како „Медиумите во изборното законодавство“, изготви Документ за јавна политика со предлози за интервенции во делот од постоечкото законодавство што се однесува на делот за медиумско покривање на изборите, кој заедно со дискусиите од дебатата ќе биде доставен до сите актери вклучени во процесот на подготовка на измени на изборното законодавство.

Комуникологот Климе Бабунски, посочи дека за време на избори се заоструваат и зголемуваат притисоците врз медиумите, а со тоа доаѓаат до израз слабостите што постојат во истите. Тој со жалење посочи дека состојбите во Македонија се такви што и кога не е период на изборна кампања медиумите се длабоко под професионалните стандарди.

BDD_9402

Ако во другите земји има закони кои јасно поаѓаат од тезата дека изборите се сериозна работа како и дека се суштински процес за една демократија каде се решава власта, јасно е дека доколку нема слободни избори нема да има идна демократска власт, објасни за А1он Бабунски.

Ордановски посочи дека најголемиот проблем е не реагирањето од сите задолжени инситуции за контрола, посочувајќи ги Државна избрна комисија, Државен завод за ревизија, Државна комисија за спречување на корупција и Јавните обвинителства.
„Власта апсолутно доминира и во рекламите на медиумите, како и во искривувањето на уредувачката политика на тие медиуми“, рече тој.

Ристана Лалчевска од Либералната партија, посочи дека треба да се размисли за потребата од платено политичко рекламирање. Таа посочи примери на држави со високи стандарди каде што воопшто не постои овој тип на рекламирање туку се користат дебатоте како модел за претставување на политичките кандидати.

„Незнам кога последен пат некој од вас во оваа сала слушнал или проследил политичка дебата?“, запраша таа, додавајќи дека граѓаните имаат заборавено што значи тоа.
„Тука не ги обвинувам медиумите туку политичарите бидејќи сите добро знаеме дека не прифаќаат учество на дебати“, заклучи таа, посочувајќи дека во Македонија перцепцијата за политичка дебата е сведена на политички монолог.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Чалмерс: Новата австралиска влада ќе се соочи со сенката на трговската војна меѓу САД и Кина

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Австралиските лабуристи по победата: Нашиот фокус ќе биде трговската војна меѓу САД и Кина

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност