Изборен молк, во недела се прегласува во Теарце

Од:

Почна изборниот молк за повторувањето на гласањето на гласачкото место бр, 2011, во општина Теарце. Молкот ќе трае до недела до 19 часот.

За време на изборниот молк, престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите; какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прекриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите; податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Прегласувањето во Теарце следува откако Управниот суд ја прифати тужбата на СДСМ за поништување на гласањето на гласачкото место 2011.

Државната изборна комисија донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце, врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува на прегласувањето и дека нема да ги признае резултатите.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи.

На 11 декември на гласање излегле 404 избирчари од кои 91 својот глас го дале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он