Изборен молк, гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Од:

На полноќ заврши изборната кампања за претседателските избори и за предвремените локални што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село и започна изборниот молк.

Денеска, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде што ја издржуваат мерката.

Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.

Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.

Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.640 се на издржување казна затвор или се во притвор, а седум гласачи се запишани како внатрешно раселени лица. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП во странство се запишани 1.782 гласачи.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно