Избор на најубаво украсено велигденско јајце во Македонска Каменица

Од:

Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ го организираа традиционалниот избор на најубаво украсено велигденско јајце во Македонска Каменица.

Годинава, најубавото велигденско јајце го креираше Марија Витановска, второто место го освои Дарко Јовановски, а третото место го поделија Бранка Стојчева и Јованка Стојковска. Како што истакна директорот на КИЦ „Романса“ Гоце Стојановски, годинава со свои креации учествуваа 10 натпреварувачи.

– Имаше одлични декорации кои покажаа дека овде, во Македонска Каменица, имаме доста креативни луѓе кои заслужуваат мотивации за работа. За најдобрите три украсени велигденски јајца се обезбедени парични награди. Третата награда изнесува 2.000 денари, втората 3.000 денари, а првата награда е со вредност од 5.000 денари. Очекувам догодина да се зголеми бројот на учесниците на овој натпревар кој неколку години го одржуваме пред Велигден, рече Стојановски.

Освен во Македонска Каменица, велигденски манифестации се одржуваат и во останатите општини од крајниот исток. Во Делчево беше организирана продажба на велигденски украсени јајца, а собраните пари ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Настанот беше во организација на Општина Делчево во соработка со локалните основни училишта, градинката и клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст од Делчево.

Во Берово на градскиот плоштад утре ќе се организира традиционалната велигденска манифестација, каде ќе настапат групата „Монистра“ и КУД „Димитар Беровски“ од Берово, ќе има изложба на велигденско украсени јајца подготвени од најмладите од градинката, а од 12 часот ќе почне традиционалниот натпревар за избор на најцврсто велигденско јајце.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден