Избодени момчиња во ТЦ „Мавровка“

Од:

Четири момчиња се повредени со убодни рани откако вчеравечер биле физички нападнати од три непознати лица во трговскиот центар „Мавровка“.

МВР денеска соопшти дека синоќа во 18:30 часот во ТЦ „Мавровка“ три непознати лица физички ги нападнале М.Н.(18), С.И.(18) и Б.М.(23) сите од село Арачиново и Ј.Љ.(21) од Скопје, при што со остар предмет им нанеле убодни рани.

Повредените лица се пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски” при што на Б.М. му е констатирана тешка телесна повреда, а на другите три лица им се констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип