Избирачкиот список, ДИК и специјалниот обвинител, теми на средбата Жерновски – Суомалаинен

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска оствари средба со ново-наименувата амбасадорка на ОБСЕ, Н.Е. Нина Суомалаинен, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Жерновски и Суомалаинен потпишаа меморандум за соработка за спроведување на проектот “Поддршка на институции и структури за младински политики“.

„Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната политичка состојба во Македонија, особено за важноста од целосно и навремено имплементирање на договорот од Пржина. Нагласнета е независната улога на специјалниот јавен обвинител.

Градоначалникот Жерновски и амбасадорката Суомалаинен се согласија дека прочистениот избирачки список е основа за враќање на довербата во институциите и во изборниот процес.

На средбата беше констатирано дека е загрижувачка состојбатата што на избирачкиот список се’ уште се наоѓаат гласачите од Пустец. Нагласена е потребата за улогата и зголемување на ингеренциите на Државната Изборна Комисија, како и за создавање услови за функционирање на професионални медиуми, особено улогата на националниот јавен сервис“, велат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец