Избирачкиот материјал ќе чини 400.000 евра, ќе се печати во Кочани и Скопје

Од:

Државната изборна комисија склучи рамковен договор за изработката и печатењето на изборниот материјал со две македонски печатници во вредност од 23,77 милиони денари односно околу 387.000 евра со ДДВ.

Рамковната спогодба се склучува за период од 36 месеци и се однесува на изработка и печатење на доверлив и недоверлив изборен материјал и избирачки список за организирање на парламентарните и претседателските избори оваа година, како и за изборниот процес во 2025 година кога следуваат локалните избори.

Изборниот материјал претседателските избори и парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 април, односно 8 мај, ќе го печатат печатниците „Европа 92“ од Кочани која е во сопственост на поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски и печатницата „Винсет Графика Жељко и други“ од Скопје.

Овие две печатници склучија договор и за дизајнирање и печатење на прирачници за едукација на изборни органи и промотивен материјал за ДИК за избори за кој ќе добијат нешто над 38.000 евра.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија