Избегнато плаќање акциза од еден милион евра, Царината поднесе кривична пријава

Од:

Царинската управа до Основното јавно обвинителство во Велес поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во Велес и против одговорното лице во правното лице со иницијали Б.А., поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Избегнување на плаќање акциза“.

Станува збор за увезен тутун пуштен во промет во акцизното подрачје без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 64.613.703,00 денари (повеќе од еден милион евра).

-Се работи за два увоза на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Велес во октомври 2019 година, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза, информира Царината.

Во координација со Основното јавно обвинителство од Велес, инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа извршија претреси на повеќе локации во Скопје и Велес заради обезбедување докази во врска со случајот.

-Токму поради огромните штети од нелегалната продажба на необележаните тутунски производи во државата, Царинската управа во координација со Министерството за внатрешни работи и други надлежни државни институции спроведува постојани акции за сузбивање нелегална продажба на тутун и тутунски производи, што секако ќе продолжи и во иднина, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ