ИВЗ урива џамија во Струга, Заводот обвинува за кривично дело

Од:

Муфтивството на ИВЗ во Струга ја урива џамијата Мустафа Челеби која важи за главна џамија и седиште на ИВЗ во Струга, информираат од „Завод и музеј Охрид“.

Директорката на оваа институција, Тања Паскали Бунташевска за А1 телефионски изјави дека станува збор за заштитено споменично добро и дека не смеат да се прават активности без дозвола на службите за заштита и Министерството за транснпорт и врски.

„Ова претставува кривично дело бидејќи џамијата потекнува од 16 и 17 век. Информирани се сите надлежни служби, на лице место беше државниот градежен инспекторат, претставници на Управата за културно наследство како и струшката полиција“.

Се слушнав и со муфтијата во ИВЗ Струга, Ферат Полиси и барав од него да прекинат со уривањето но и активностите и натаму продолжуваат, рече Паскали Бунташевска..
Струшкиот муфтија за А1 демантира дека се урива џамијата.

„Не се урива делот што е под заштита туку само делот што е додаден пред 20 години и на тоа месѕто ќе има проширување, рече муфтијата Полиси за А1.

Неофицијајално дознаваме дека информација за уривање на џамијата во Струга стигнала и до турската влада која што реагирала на ваквите активности бидејќи Мустафа Челеби чие име го носи џамијата, бил Турчин.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски