А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) ИВЗ: Одлуката на судот е донесена со фалсификувани документи, местото на судиите им е во Зоолошка

by А1он24/04/2019 - 17:2724/04/2019 - 19:07472
Share0

ИВЗ обвинува дека Граѓанскиот суд донел одлука за именување на нов реис врз основа на фалсификувани документи, печати и потписи.

Добивај вести на вибер

Oд ИВЗ тврдат дека потписот на актуелниот реис Сулејман Реџепи е фалсификуван на оставката. Велат дека е стар меморандумот на оставката, а фалсификуван е и печатот. Според нив, рејсот не поднесува остаквка во документ со меморандум, и во истата не се користи печат на ИВЗ, а во оставката доставена до судот има.

Во однос на записникот за одржана седница, тој бил заведен со архивски број со кој од 15 членови на Ријасетот, 7 веќе не се дел.

„Решението на граѓанскиот суд не покажува ништо освен тоа до кое ниво е паднат правниот систем. Судијката Сузана Дончевска има донесено решение за смена на поглаварот на ИВЗ и именување на друг. Тоа го направила врз основа на фалсификувани документи. Толку наивна судијка, донела решение со фалсификати и тоа се гледа од Јупитер. На оваа власт и требаат вакви скандали за да ги покријат нивните скандали и незадоволството на граѓаните. Владата во име на една судијка има вршено пуч во ИВЗ. Ова е пуч од Зоран Заев“, изјави Мухамед Вејсели од ИВЗ.

Тој истакна дека во записникот кој е доставен до судот има наведено лица кои не се вработени во ИВЗ. Во истиот, како што рече, нема потписи на тие кои биле присутни на состанокот на Ријасетот.

„Ваква седница се нема одржано. Ниту еден член не е известен дека Сулејман Реџепи има поднесено оставка. Поднесовме кривични пријави против фалсификат“, истакна Весејли и додаде дека и 10 пати да го смениме името на државата, никогаш нема да бидеме држава.

Весејли истакна дека судијката поднела барање за промена на реисот во Централен регистар.

„Дали се нормални овие луѓе или имаме работа со ненормални луѓе. Ние имаме судии на кои треба да им обезбедиме место во Зоолошката градина. Имаме судија кој разрешува и именува реис, а тоа е можно само во оваа држава“, рече Весејли.

ИВЗ бара од Владата да им се извини за скандалот којшто, како што велат, го направила.

„Ова нема да им биде простено на Зоран Заев и Владата. Тие треба да размислат за вршењето на притисок врз судиите. ИВЗ никогаш не барала ниту ќе бара услуга. Заев не треба да и служи на ИВЗ, туку треба да им служи на граѓаните”, рече Весејли.

Од ИВЗ оценија дека судството е најкорумпирано досега и информираа дека ја обжалиле одлуката за промената на реисот.

Кристијан Ландов

ivzvlada

Би можело да ве интересира

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:18

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Горан Наумовски03/02/2026 - 15:27

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

Горан Наумовски02/02/2026 - 14:24

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Горан Наумовски28/01/2026 - 13:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен