ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Од:

Исламската верска заедница соопшти дека е против донесување на законите за родова еднаквост и за матична евиденција и оти нејзиниот став во однос на спорните закони за кои се отвори дебата во јавноста, е „пред се заштита на традиционалните семејни вредности, и по структура и по морал“.

ИВЗ, како што се наведува, и порано излезе со став дека ја поддржува одлуката на сите поглавари на верските заедници во земјава, која дојде како резултат на заедничката средба од 7 мај годинава, при што беше истакнато дека законите за кои станува збор се спротивни на религиозните принципи и тие нема да бидат поддржани.

– Заштитата на семејството и човечкиот ген е основен принцип од кој не можеме да се оградиме, бидејќи тоа е сржта на здравото општество. Историски гледано, во минатото, во моментов и во иднина, ИВЗ секогаш ќе застане во одбрана на националните, верски, морални и духовни вредности, бидејќи заштитата на овие вредности е верска обврска за заштита на човечкото општество. Секоја иницијатива, која било идеја или правен принцип што е во спротивност со човековата природа е неприфатлива за ИВЗ. Според информациите со кои располагаме, спорните закони во Собранието се повлечени од понатамошни процедури и за ова и честитаме на Владата за преземањето на таквиот чекор, се наведува во соопштението од ИВЗ.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

(ВИДЕО) МПЦ–ОА со повик пред собирот: Останете смирени и не потпаѓајте на никакви провокации

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција, секој има право на протест

Катерина Ѓуровски

Сенароден собир на МПЦ – ОА против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Владиката Давид прерупредува: Пратениците кои ќе кренат рака „за“ може да бидат лишени од крштевки, венчавки, погреби и богослужби

Катерина Ѓуровски