Ивон: Мирен и фер втор изборен круг со фокус на локални теми, без националистичка реторика

Од:

Британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон очекува вториот изборен круг на 7 април да мине во мирна и фер атмосфера, без нациналистичка реторика туку со дискусија за локални прашања кои се ворист на граѓаните.

– Треба да се очекуваат мирни и фер избори, но секако нема гаранции за тоа, не знаеме што ќе се случи на 7 април. Јас се надевам дека ќе бидат мирни и ефикасно спроведени, бидејќи сакаме да видиме избори што и одат во прилог на Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ, рече Ивон, одговорајќи на новинарски прашања на паузата од конференцијата „Подобрување на законската рамка за животната средина во делот на водокорисничкото право“.

Смета дека е премногу рано да се даде целосна оценка на изборите. Впечатоците, во меѓувреме, како што посочи, се засноваат на прелиминарните заклучоци на ОДИХР, во кои се вели дека изборите беа ефикасно спроведени, но има многу области на кои треба да се работи и се даваат препораки заради подобрувања во иднина.

– Секако дека е многу важно на изборите да нема насилство и да поминат мирно. Со оглед на минатите изборни циклуси, сите се надеваа на мирни избори. Ова не е единствениот стандард за избори, има и други критериуми. Мислам дека ОДИХР добро ги наведе областите каде се потребни подобрувања. Доколку фокусот на локалните прашања станува нејасен, тогаш се оддалечувате од целта на локалните избори. Би сакале да видиме што помалку националистичка реторика, а што повеќе дискусија за локални прашања и услуги за граѓаните, работи што се од голема важност за луѓето, нивните семејства и заедници, рече Ивон.

Прашан дали Македонија може да очекува позитивна оценка за изборите во претстојниот извештај на Европската комисија, британскиот амбасадор вели дека тој не го пишува и не може да шпекулира за неговата содржина.

– Мислам дека тој ќе се фокусира на оние области што беа дадени во декемвриските заклучоци на Советот за ЕУ реформите во поширок аспект, како и чекори кон решавање на прашањето за името, добрососедски односи. Мислам дека извештајот на Комисијата ќе биде посеопфатен и нема да се фокусира само на еден посебен аспект, изјави амбасадорот Кристофер Ивон.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов