Ивановски: Вељаноски, крпа за бришење под го направивте Собранието

Од:

Колку е сериозен односот на власта кон народните пари? Расте тензијата и нетрпеливоста.

„Лакрдија направивте  од највисоката институција, вие, ВМРО и ДУИ на предлог закон на владата си играте мајтап, ги потрошивте парите на граѓаните“,  Игор Ивановские како виновник за целодневното криење и необезбедувањето кворум го посочи Трајко Вељаноски, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Крпа за бришење под го направивте Собранието, дрско, мизерно и безобразно, Цела СДСМ е тука, тука се и коалициските опозициски партнери, тука се и ДПА и НДП.  Каде се вашите пратеници, кај се пратениците кои ве седнаа во тоа столче, кои ја изгласа Владата? И тие ли  се кријат како вас. До каде ќе оди уништувањето? Не знаете да го водите Собранието.Уште еден ден од драмолетката сакате да купите.Сакам јавноста да види дека за вас законот  не вреди пет пари, за вас вредат  само фотељите.На пазар нема ваков пазар“, реагираше Игор Ивановски и побара точно да се каже колку пратеници од власта а колку од опозицијата има во салата.

СДСМ и коалициските партии и ДПА и НДП,   цел ден беа  во Законодавниот дом, тука се и дел, но не и цела пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери. Но ДУИ продолжува со бојкотот и не влегува.

Денеска вељаноски изброја 71 пратеник, но опозицијата е револтирана и прашува какви се игрите и зошто спикерот, вчера кога имаше повеќе од 90 пратеници наместо да го стави на гласање  Законпт за следење на комуникациите, ја прекина седницата.

А самиот Вељаноски кажа дека е значаен закон за нашето евро-атланско интегрирање.

Но не дозволи пребројување на пратениците, за да види јавноста кој прави кворум а кој бојкотира и манипулира, како што бурно реагираше опозицијата. Седницата ја прекина и презакажа за утре, а парите и тоа буџетските, од народот, денеска залудно беа потрошени

 

 

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година