Ивановски: Изборниот законик е тапија за изборниот фалсификат на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Измените кои ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги набројале набрзина во Изборниот законик е промашен, катастрофален, празен. На брзина го подготвите  ден пред доаѓањето на еврокомесарот, за да може Груевски да се слика со Филе“, рече при крајот на дебата за новите изборни правила, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски.

Тој забележа дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се на власт има лоши избори, и дека власта саха хаос во изборните правила.

„Не сакате државата да ја одвоите од ВМРО-ДПМНЕ. Дозволувате и ја поттикнувате корупцијата во медиумите. како ќе го оправдате долгот од 3, 5 милиони евра? Изгласајте си го ова сами, бидејќи ова е тапијата за изборен фалсификат“, рече Ивановски.

Многу невистини кажавте, реплицираше Силвана Бонева.

„Овие измени ќе значат подобрар закон од сите што ги имавме а кои добија позитивни оценки и од ОБСЕ и од Венецијанската комисија. Сите  суштински барања на опозицијата се вградени, а и забелешките не ОБСЕ/ОДИХР, но вие барате  Владата и министрите да не смеат да настапуваат на медиумите“, рече Бонева.

„На детектор за лаги со вакви реплики немаше да поминете“, и одговори Ивановски на  Бонева.

„Ние бараме само 20 дена колку што е кампањата Владата да не ги злоупотребува функциите за партиски цели. Нели сте вие омилени кај народот. Од што се плашите сега? Страв лозје чува, ама има и чувар кој ќе дојде и ќе ве избрка. Народот ја чека првата шанса за да ве казни“, рече Ивановски.

Утре седницата продолжува со гласање на законот.

 

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“