Ивановски: Убедени сме дека Карбинци без притисоци ќе гласа за Бањоглав

Од:

На три дена пред вториот круг на локалните избори Игор Ивановски, координатор на пратеничката група на СДСМ и шеф на изборниот штаб за локалните избори, како и претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, активно зедоа учество во кампањата на кандидатот за градоначалник на општина Карбинци од редовите на коалицијата „Сојуз за иднината“, Ристе Бањоглав.

Во текот на изминатиот ден тимот на Бањоглав, заедно со Ангелов и Ивановски, оствари повеќе средби со граѓаните од руралните средини што се дел од општина Карбинци.

„И покрај доаѓањето на сите министри и целокупната администрација, би им порачал на владата и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ дека народот во Карбинци има интелектуален капацитет самиот да ја одбере личноста што ќе го води во наредните 4 години“, изјави кандидатот за градоначалник Бањоглав на средбата со граѓаните од село Таринци.

Ивановски од граѓаните ја побара поддршката за Бањоглав, убеден дека е одличен кандидат за кој граѓаните на 7 април ќе го дадат својот глас.

„Груевски е 7 години на власт, а во последните 4 години ВМРО-ДПМНЕ ја води и општината Карбинци. Денес општината Карбинци, не само што не отишла напред како што би требало да биде туку се вратила наназад како да е заборавена не само од централната власт туку и од секој оној што во оваа држава може нешто да помогне. Денес во Карбинци, освен долгови, нема ниту еден нов мост или инфраструктурен објект, а граѓаните од ден на ден се сè посиромашни“, изјави Игор Ивановски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември