Ивановски: Сојузот за иднината ќе учествува во вториот круг на локалните избори

Од:

До овој момент правниот тим подготвил најмалку 350 приговори за нерегуларности на денот на изборите и најмалку дополнителни 15 евидентирани и документирани случаи на прекршување на изборниот молк од ВМРО ДПМНЕ, во саботата и неделата.

„На одредени лица им било ускратено правото на гласање затоа што некој претходно гласал во нивно име.Откриени се масовни случаи на лица кои претходно биле запишани во Избирачкиот список и поседуваат важечки биометриски исправи, а кои на денот на изборите на избирачките места симптоматично ги немало во извадоците на списокот, иако претходно сториле увид.Утврдени се случаи на новозапишани гласачи на адреса на веќе постојни гласачи.Евидентирано е семејно гласање, како и нарушена тајност на гласањето особено преку случаи на фотографирање со мобилен телефон и јавно гласање на избирачки места.Агитирање, притисоци, закани и поткуп на гласачи на денот на изборите од претставници на владејачката партија“, рече Игор Ивановски.

Во сериозен број на избирачки места, рече, утврдено е дека недостасуваат гласачки ливчиња што е предуслов за спроведување на контролирано гласање по принципот на таканаречениот “бугарски воз“. Како потврда за ова, посочи, говори и фактот што на дел од избирачките места на денот на изборите претставниците на ВМРО ДПМНЕ во Избирачките одбори и активисти биле фатени како крадат празни гласачки ливчиња за да ги изнесат и предадат надвор.

За голем дел од овие случаи, освен приговори и претставки до ДИК, ќе поднесат и кривични пријави затоа што се убедени дека политичкото раководство на МВР тоа нема да го стори.

„Како никогаш досега врз нашите претставници и контролори во избирачките одбори е вршен невиден притисок за да не поднесуваат забелешки на процесот.

Проблем број 1, кој ја фрла најголемата дамка на изборниот резултат се манипулациите во Избирачкиот список за кој најголемата одговорност е во политичкото раководство на МВР. Затоа, ова мора до крај да се расчисти низ правни и судски процедури и постапки.Сојузот за иднината ќе учествува во вториот круг на локалните избори и ќе ја бара подршката од граѓаните за своите кандидати. На 7 април гласањето почнува од нула и ќе сториме се’ што е во наша моќ да не се повторат изборните нерегуларности од првиот круг на гласање“, рече Ивановски.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори