Ивановски: Собранието може да го измени Законот за помилување, но се сомневам во чесната намера на власта

Од:

Собранието на Република Македонија може да го менува и дополнува Законот за помилување во секое време, тие тоа го имаат направено повеќе пати кога јас бев претседател на Уставен суд и кога поништувавме некои одлуки, вели за А1он поранешниот претседател на Уставен суд, Трендафил Ивановски.

Според него, најголем проблем, кој во јавноста не се истакнува е членот 11, кој во 2009 година беше избришан од законот.

„Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано“, стои во избришаниот член 11.

Ивановски вели дека се сомнева дека власта има чесна намера, но доколку ја има, ќе направи измени во законот.

– Уставниот суд во составот во кој што е денес, може да изгласа се што власта сака да биде изгласано, јас мсислам дека следен чекор на власта ќе биде Специјалното јавно обвинителство, вели Ивановски.

Инаку, со тоа што Уставниот суд со мнозинство гласови изгласа укинување на измените на Законот за помилување, овозможи претседателот да помилува лица осудени за изборен криминал, предофилија, злосторства пред човештвото и други тешки кривични дел, како и да укинува кривично гонење.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски