(ВИДЕО) Ивановски: Остануваме доследни на својата примарна цел-враќање на демократијата

Од:

„Ние како пратеници имаме добиено мандат од граѓаните да го браниме Уставот и Законите и да ги застапуваме нивните интереси во Собранието“, изјави Игор Ивановски на денешната блокада организирана во знак на револт против режимот на Груевски.

Но, рече Ивановски, по насилното и брутално исфрлање на опозициските пратеници од Законодавниот дом режимот, таквото делување го оневозможи, а Собранието во овој состав постои само на хартија, бидејќи режимот ја суспендира парламентарната демократија.

Затоа, рече, ќе продолжиме да ги браниме интересите на граѓаните и демократијата, но надвор од институциите, кои неповратно го изгубија својот легитимитет, се додека истиот не се поврати, преку слободни и фер предвремени парламентарни избори.

„Остануваме доследни на својата примарна цел – враќање на демократијата во земјата и како што гледате од таа цел нема да отстапиме“, додаде Ивановски.

Од ВМРО-ДПМНЕ нема никаква најава за можна средба.

„Ако власта продожи вака и има намера да влезе во сценарио за локални избори без опозицијата сите длабоки последици по државата ќе бидат на сметка на власта“, рече Ивановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО