Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски од денеска до 13 јуни ќе учествува на Светскиот самит за информатичко општество што ќе се одржи во Женева, на покана на генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), Хамадун Туре.
Се очекува да бидат усвоени два документа, кои ќе се однесуваат на спроведувањето на резултатите од самитот.
На самитот чиј домаќин е Меѓународната телекомуникациска унија, а меѓу другите поддржан и од УНЕСКО, УНДП, Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (УНСЦТАД), ќе учествуваат претставници на владини институции, приватниот сектор, невладини и меѓународни организации.