Ивановски: Конвенција на опозицијата во недела во Куманово

Од:

Во недела, на 24 февруари, точно на два месеца после “црниот понеделник“ и еден месец пред локалните избори, Сојузот за иднината ќе одржи политичка конвенција во Домот на културата во Куманово, со почеток во 12 часот, најави Игор Ивановски.

На овој собир раководствата на партиите од Сојузот за иднината пред целата јавност ќе ги реафирмираат основните политички принципи и ставови кои ќе ги застапуваат во наредниот период.

„Наша примарна цел е да им објасниме на граѓаните, зошто оваа форма на политичко дејствување и пружањето на отпор е единствениот начин за земјата да излезе од длабоката политичка криза во која се наоѓа и да се придвижи во вистинска насока“, изјави Игор Ивановски.

На 24 март 2013 година, рече, сите граѓани, ќе бидат исправени пред досега најважниот личен, демократски предизвик, со својот избор да не учествуваат на вакви локални избори, всушност да го дадат својот конкретен влог за иднината на државата.

„Убедени сме дека граѓаните ќе препознаат дека ова е единствената можност за обнова на демократијата, слободата и правдата во Република Македонија и масовно ќе му се приклучат на ова движење.Оваа конвенција ќе го означи стартот на операционализацијата на планот за активен бојкот кој го најавивме.Ќе користиме различни форми на протестни активности кои ќе бидат соодветен одговор на кампањата на власта. Дел од нив ќе најавуваме, а многу од нив ќе бидат изненадување“, изјави Игор Ивановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата

СДСМ: Откако МВР призна вина, началникот на Тошковски мора кривично да одговара

СДСМ: Началникот во Демир Хисар мора да одговара кривично

А1он