Ивановски: Антикорупциска е срам, јад и беда

Од:

„На пазар се бираат најубавите цреши, а вас ве бираа како убави круши на тезга, како кандидати кои најмногу молчат и слушаат, Вие сте срам, јад и беда“, вака и се обрати Игор Ивановски на претседателката на комисијата за спречување на корупцијата, Љубинка Корабовска.

Стејт департментот ви кажа, рече координаторот на СДСМ, дека најголемиот криминал е во власта, а вие се фалите дека сте шетале и сте јаделе.

Потсети дека Михајло Маневски, како што рече, последниот комунистички министер, на предлог на Груевски е изгласан со тогашното мнозинство на СДСМ, за шеф на антикорупциска. Маневски , рече, подоцна тоа го откупи со непреземањето ништо за 4-те стана на Груевски.

„На Мирјана Димовска, која е избран функционер, спротивно на законот и дадовте цела плата како награда за изготвениот извештај за изборите, таа доби 1.000 евра за сработеното во каубојски стил.Како не ви е срам. Криминалец си го штити криминалот. Затоа и заедно ќе одговарате. Не постапивте за криминалот за 750.000 евра во шише на Срџан Керим. Ивица Коневски, градоначалникот на Аеродром потроши 600.000 евра за три црквички параклиси и фонтани“, рече Ивановски.

Тој покажа слика и документ , која му ја пратиле, рече, разочарани ВМРО-вци, на кои се гледа дека мотор, вреден 17.500 евра од некој Красимир се продава на Пазар 3, а тоа, рече. бил сопругот на министерката Канческа Милевска. Праша зошто комисијата не реагира, бидејќи Канческа Милевска во анкетниот лист не навела дека нејзиниот сопруг поседува ваков вреден мотор.

Извештајот за работата на антикорупциската комисија беше подржан само од владејачкото мнозинство.

 

Би можело да ве интересира

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Чулев: Употребата на полицискиот хеликоптер за политички цели е класична злоупотреба, ДКСК да го истражи случајот