Ивановска: Владата ја информира ДКСК дека ќе го раскине договорот со ТЕТО АД за државна помош

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата од Владата добила информација дека Договорот за државна помош со ТЕТО АД ќе биде раскинат, откако антикорупциската комисија укажала на неутврдени недостатоци, информира денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

На седница на ДКСК Ивановска информираше за предметот за наводи за злоупотреба на државна помош на ТЕТО АД помеѓу Владата и ова друштво, која се состои во одложување на плаќање даночен долг, односно данок на добивка од 15 милиони евра за 2018 година. Добивката не е резултат од редовното работење туку од план за реорганизација на АД ТЕТО приложен поради стечајната постапка на фирмата согласно кој извршен е отпис во износ од 90 процетни од побарањата на доверителите на ТЕТО., а тоа е 151.464.932 евра.

-До Владата се доставени неколку предлози со барање за државна помош најпрво за претпријатие со потешкотии, со одлагање на обврската за плаќање данок на добивка во износ од 884.277.543 денари и тоа по успешното завршување на планот за реорганизација, односно по девет години, а потоа побарана е државна помош за проект од значаен економски и интерес во вид на одлагање на доспевањата на долгот. Значи во текот на целиот овој процес имаат поднесено различни барања. Договорот по цела година од потпишувањето не е функционален, а ТЕТО се уште се води како должник, рече Иваноска.

Таа додаде дека за утврдување на фактичката состојба побарани се информации и одговори од повеќе институции и побарани се документи од надлежни тела, а одржана е и линковска средба со премиерот Заев како потписник на договорот во име на Владата

-.Со увидот во документацијата утврдивме дека Планот за реорганизација не е подготвен во согласност со Законот за стечај бидејќи нема финансиски проекции кои ја содржат оваа обврска за плаќање данок од добивка, а истата можела да се предвиди бидејќи е настаната со отпис на обврските. Со увид во постапката на Владата утврдивме дека процесот се одвива во отсуство на донесени уредби за тоа како да постапува Владата, кои согласно законот Владата требало да ги донесе во рок од два месеци од донесувањето на законот, на што било укажано и од Секретаријатот за законодавство.

-Договорот е склучен за доделување помош во вид на одлагање на доспевањето на долгот што не е во согласност со Законот за државна помош каде е предвидено доделување на државна помош да биде во вид на одлагање на плаќањето бидејќи на тој начин се избегнува каматата која тече за време на одлагање на доспеаноста на веќе доспеан даночен долг што претставува намален приход на државата односно во даночна постапка тоа значи отпис на камата, а тоа не е во согласност со Законот за даночна постапка Ова е укажано од страна на тогашната министерка Нина Ангеловска…Со тоа вкупниот износ на долгот за кој се дава државната помош изнесува 2,6 милијарди денари наместо предложените 872 милиони денари. Но ова објаснување не влијанието на потпишувањето на договорот, рече Ивановска.

Таа додаде дека во разговорот со премиерот Заев му ги посочиле наведените слабости на Договорот и дека тој треба спогодбено да се раскине, на што од Владата добиле информација дека тој ќе биде раскинат и ити за тоа писмено ќе ги известат во ДКСК.

-Со тоа предлагам постапката да запре и предметот да се архива, рече Ивановска на седницата која се одржува преку видео-конференциска врска.

На седницата на Антикорупциска беше утврдено и дека постои судир на интереси во предметот по пријава на познат подносител – правно лице, за лицето Атанаско Тунески кој е избран за член на Регулаторната комисија за енергетика бидејќи имал акции во АД за промет со нафта и нафтени деривати Макпетрол АД пред да биде именуван на таа функција. Тој е избран од Собранието за член на РКЕ по предлог на Владата по спроведен јавен оглас во јуни 2018 година.

Како што информира членот на Антикорупциска Нури Бајрами, по средба на пријавителот, на членот на РКЕ и на претседателотна РКЕ со претставници на ДКСК е утврдено дека Тунески ги пријавил акциите, но дека во огласот не било наведено дека треба да се наведат сите забрани иако вели тоа е таксативно наведено во член 22 од Законот за енергетика и во член 55 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. Донесена е одлука за постоење судир на интереси и лицето е известено дека во рок од 15 дена треба да постапува и да одлучи дали ќе остане на функцијата или ќе ги продаде уделите. Од РКЕ во меѓувреме биле информирани дека Тунески веќе постапил по одлуката и ги продал акциите, но се чека формална потврда од РКЕ дека е тоа направено за да се затвори предметот.

Седницата беше прекината, а продолжението ќе биде дополнително најавено исклучиво по поставување на предемти кои се веќе поминагти.

Би можело да ве интересира

Системот партизиран, Антикорупциска не сака надлежности со кои би можела да апси и води истраги

Кристијан Ландов

Стоилковски: ДКСК да отвори постапка за ухлебувањето на сопругата на Бочварски и нејзината сестра во штипската болница

ДСКС отвори предмети за вработувања во изборен период

Ана Ололовска