Ивановска очекува Комисијата за селекција да не дозволи притисоци при изборот на новиот состав на Антикорупциска

Од:

Не ми се допаѓа тоа што многу политички експонирани личности се пријавија на интервјуата за избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Вака, претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска ја оценува досегашната постапка за избор на нови членови, бидејќи мандатот на овој состав на Комисијата со работа завршуваат на 7 февруари 2024 година и согласно законот немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот до изборот на нова Комисија.

-Тоа ми е една забелешка, инаку не ги познавам сите луѓе што се пријавија, нели тоа е нивна работа сами да се претстават и да си го одржат она што ќе го кажат во нивното претставување, но сепак ќе кажам дека ми пречи тоа што имаше многу политички експонирани личности, кои се пријавуваат да бидат членови на едно сосема независно тело. Значи ние, кога се пријавивме и не избраа, бевме сосема растеретени од политика, вели Ивановска, која денеска беше во Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Штип во рамки на кампањата „Бидете херои на чесноста“..

Таа се надева дека Комисијата за селекција нема да трпи политички влијанија и какошто вели да избира такви ликови.

Прашана дали тие како актуелен состав на Комисијата имале некакви политички притисоци, Ивановска со одговор дека притисоците на јавна сцена се одвиваат, бидејќи нивните седници се јавни.

-Јавно се одржани, што во живо со новинари, после почна короната, па на зум, па секоја седница можете да ја најдете јутуб канал итн.,што значи се е достапно. Така што да не речам и притисоците, ама ете да речам притисоци од сите тројца премиери ги доживеавме, ама на отворена сцена. Значи не сме имале нешто да не кочи, да ни се јавуваат итн. и да ни прават притисок, бидејќи јас уште на почеток кажав, доколку се случи такво нешто има член во законот, којшто нас ни овозможува да разговараме и да ги известиме Собранието дека имаме притисок и да си побараме заштита од Собранието. Така што се си е уредено, само треба да се испочитува, вели Ивановска.

Забележува дека актуелниот состав на ДКСК голем број на прашања и проблеми ги има отворено, но според Ивановска проблемот е што случаите немаат понатамошна разрешница.

-Проблем број за нас е вработувањето, ако ние успеееме да имаме прави луѓе на прави места, многу бргу државата ќе тргне напред. Нормално ако секој професионално ќе си ја врши својата работа, ќе тргнеме сите напред. Но, тука е проблемот, вели Ивановска.

Забележува дека вработувањето во државните институции е поврзано со политички врски, непотизам, кронизам, трговијата со влијание и какошто вели Ивановска се е тоа исплеткано, Реагира и што веќе петта година по ред Законот за административни службеници не се носи, а исто така и за вработените во јавен сектор и за високораководната структура. Нејзина забелешка е дека овие Закони треба да се донесат, но смета дека очигледно е оти партиите не можат да се договорат по ова прашање. Ивановска рече дека кога ќе се избере новата Комисија, тие стојат на располагање и оставаат простор како ќе си одлучат.

Прашана за актуелните постапаки, дали ќе ги завршат до крајот на мандатот, Ивановска очекува предметите „Бехтел и Енка“, Тендерите на Државна лотарија“ и „Реконструкцијата на салата „Борис Трајковски“ за ОБСЕ да ги завршат до крајот на мандатот.

За случајот „Тендери за Државна лотарија“ вели дека е многу рано да презентираат до каде е овој случај, кој како предмет е отворен пред скоро време и доправа ќе бараат документација и податоци од Државната лотарија.

-Меѓутоа имајќи ја во предвид работата по претходни предмети поврзани со тендери, јас очекувам дека ќе најдеме значителни информации, коишто би требало да послужат понатаму на јавното обвинителство, вели Ивановска.

Очекува овој предмет, но и двата кои се во тек да ги завршат во јануари и Ивановска истакна дека ќе ги насочат сите сили за овие три предмети.

Би можело да ве интересира

Управен суд донесе одлука: Прием на слушатели на Академијата за судии и обвинители по изборите

Управен суд пресуди во полза на Академија зa судии и јавни обвинители, ја поништи одлуката на Антокорупциска

Антикорупциска го усвои приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Антикорупциска решава за приговорот на Силјановска Давкова за тестирањата за прием во Академијата за судии

Новиот состав на ДКСК даде свечена изјава во Собрание

Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на Антикорупциска